Search

Во град во Еквадор, во екот на пандемијата, мртви тела лежат по улиците

Во еквадорскиот град Гвајакил, поради пандемијата од коронавирус, градот бележи преоптовареност на здравствениот систем, поради што многу мртви едноставно завршуваат на улиците, јавува Си-ен-ен.

Системот за здравствена заштита е во колапс, болниците веќе не можат да примаат луѓе, како и мртовечниците починати, па затоа некои граѓани тврдат дека мртвите тела на нивните најблиски мора да ги остават на улица.

Не е познато колку луѓе во градот починале од коронавирусот. Некои семејства велат дека нивните најблиски имаат симптоми на коронавирус, други велат дека болниците не можеле да ги примаат од пренатрупаност.

„Чекавме пет дена. Викавме брза помош цело време, а тие само ни рекоа да чекаме да ја решат ситуацијата”, вели еден жител на Гвајакил во видео објавено на социјалните мрежи, додека во истото видео неговиот сосед додава дека е најтешко да се издржи мирисот на мртви тела.

„Покрај лешевите, имаме дополнителен проблем бидејќи има многу повозрасни соседи. Мајка ми има 80 години и има многу проблеми со дишењето. Властите едноставно нè оставаат да умреме“.

Во Еквадор се пријавени 3.368 случаи на инфекција со коронавирус, а досега се регистрирани 145 починати

Треба да знаете
Последни објави