Search

Во градинка во Германија заразени се четири деца од коронавирусот

Четири деца се заразени со коронавирус во Западна Германија. Сите деца посетувале градинка во Северна Рајна-Вестфалија, сојузна германска држава, која е сериозно погодена од епидемија на новиот вирус, пренесува хрватски „Индекс“.

Според информациите, предучилишниот центар го посетуваат повеќе од сто деца. Се верува дека вирусот во центарот го донела една од воспитувачките. Заразените деца се чувствуват добро и се опоравуваат, пренесоа здравствените власти.

И во Бон, кој исто така се наоѓа во Северна Рајна-Вестфалија, веќе две недели е затоврена градинка, откако било утврдено дека еден од вработените е заразен со вирусот. Сега 185 деца кои ја посетувале градинката се тестираат на вирусот, соопшти шефицата на градскиот сектор за здравство.

Коронавирусот уби најмалку 2.900 луѓе ширум светот, од кои најголемиот дел во Кина. Инфекцијата е присутна на сите континенти, освен на Антарктикот.

Според најновите податоци, ширум светот се заразени 85.697 лица, а 2.933 починале. Досега се излечиле 39.769 пациенти.

Бројот на заразени лица е зголемен во Италија, САД, Шпанија, Јапонија, Ирак, Иран и други земји. Холандија и Исланд ги пријавија првите случаи на инфекција.

Според новата проценка на СЗО, ризикот од ширење и влијание на коронавирусот сега е многу висок на глобално ниво. Сепак, заразата сè уште не се смета за пандемија.

Треба да знаете
Последни објави