Search

Во градинката „Расадник“ по замената на прозорците и вратите се прави и нова фасада

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Филип Темелковски и Јани Макрадули денеска во градинката „Расадник” извршија увид во завршените работни активности за поставување на нови прозорци и надворешни врати. За целосната замена на дотраената многу стара надворешна столарија во објектот „Расадник” кој е во склоп на ЈДГ „8 Март”, Општина Кисела Вода преку Владата обезбеди финансиски средства во износ од 1.600.000 денари. Имено, за ова, Општината претходно аплицираше на владиниот повик, за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година – енергетска ефикасност.

– Добивме енергетско ефикасен проект кој ќе направи голема заштита на градинката, а со тоа ќе ги подобриме условите за престој на нашите најмали жители. Дополнително со Цементарница „Усје” целосно ја реновираме и фасадата на градинката, а долгорочно гледано тоа ќе овозможи заштеда на средства и подостоинствени занимални. Нашите  заложби за почист воздух се остваруваат, бидејќи овој е веќе трет објект кој го направивме да биде енергетски ефикасен – истакна Темелковски.

–Задоволен сум што во услови на пандемија продолжуваме со реализација на инфраструктурните проекти, што ја продолжуваме успешната соработка со Општина Кисела Вода која и во 2019 година беше корисник на околу 5 милиони денари средства од планот за чист воздух. Денеска сме сведоци дека во градинката 8 „Март” во објектот „Расадник”, вредност од 1.600.000 денари се преточува во енергетски ефикасен објект.  Во сите модерни европски земји економското оправување од Ковид – 19 оди по една зелена нишка каде дел од приоритетите е енергетската ефикасност, замената на штетните начини на греење, и ме радува што ги следиме препораките на ЕУ – нагласи Макрадули.

Во градинката, во соработка со „Цементарница УСЈЕ”, Општина Кисела Вода во моментов врши градежни работи за поставување на нова фасада со термичка изолација, со која во зимските студени денови ќе се обезбедат потопли простории за престој на дечињата, а ќе се заштедат и финансиски средства. Покрај ова, во сите простории во објектот „Расадник” извршено е молерисување. Во градинката извршена е и дезинфекција во просториите, а дезинфицирани се и душеците и клима уредите.

Треба да знаете
Последни објави