Search

Во Германија уапсен Јетон Љужа, обвинет за убиството на Саздо

Германската полиција го уапси Јетон Љужа, третообвинетиот за убиството на дваесетгодишниот Никола Саздовски -Саздо, што се случи пред една година во скопската населба Автокоманда.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека Љужа кој се бараше со меѓунаордна потерница е уапсен во Хамбург и се наоѓа во екстрадиционен притвор. Министерствто сега треба даги обезбеди документите од судот за за ова осомничено лице и да ги предаде во Министерството за правда кое треба да ја води екстрадиционата постапка.

Бесир Беља и Скендер Демири добија по 19 години затвор за убиството на  Саздовски во јуни лани на автобуската станица во Автокоманда. Според судијката Даниела Алексовска-Стојановска, виновни се затоа што заеднички и на свиреп начин го убиле Никола Саздовски.

За убиството е обвинет и Љужа и него ќе му се суди во одвоена постапка.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Љужа  на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

 

Треба да знаете
Последни објави