Search

Во Германија уапсени две лица поради снимање и дистрибуција на детска порнографија

Мерките за градење доверба, меѓународното право, кипарското прашање, соработката во Егејското Море и „муслиманското малцинство”, беа дел од темите за кои разговараа министрите за надворешни работи на Турција и на Грција, Мевљут Чавушоглу и Јоргос Катругалос на нивната денешна средба во Анталија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Чавушоглу на прес-конференцијата најави дека на 12 април ќе се одржи прва средба за мерките за градење доверба и ја изрази подготвеноста на турската страна да соработува со Грција затоа што станува збор за две соседни земји.

– Со мојот колега се сретнуваме често и во блиска иднина ќе одржиме средби на техничко ниво за да ја намалиме тензијата во Егејското Море. По овие средби со техничка содржина, ќе се сретнат министрите за одбрана, кои се добри пријатели од времето кога беа на чело на армиите на двете земји. Според тоа, овие разговори се важни за процесот, рече шефот на турската дипломатија.

Треба да знаете
Последни објави