Search

Во Германија уапсени двајца поранешни припадници на тајната полиција во Сирија

Во Германија се уапсени двајца поранешни припадници на сириската тајна полиција, кои се сомничат дека направиле злосторство против хуманоста.

– Тие се уапсени во текот на вчерашниот ден, соопшти денеска Обвинителството.

Како што се наведува во соопштението, едниот од нив, А.Р. (56) бил член на дирекцијата на Разузнавачката служба и е обвинет дека учествувал во малтретирање затвореници во затворот во Дамаск.

Како главен истражувач, наредувал употреба на брутална тортура врз антивладини активисти во периодот од јули 2011 до јануари 2012 година.

Вториот маж, Е.А. (42) се сомничи дека бил припадник на единицата која уапсила стотина активисти и ги привела в затвор.

Двајцата осомничени ја напуштиле Сирија во 2012 година.

Треба да знаете
Последни објави