Search

Во Германија се спроведува истрага за 30 000 осомничени за педофилија

Германското правосудство води истрага за 30.000 лица осомничени за педофилија во западниот дел на земјата, соопштија денеска локалните власти.

– Сакаме да ги извлечеме од анонимноста на Интернетот сторителите кои злоставуваат деца и оние кои ги поддржуваат, изјави министерот за правда за регионот Северна Рајна-Вестфалија, Питер Бисенбах.

Во аферата што избувна минатата есен во градот Бергиш Гладбах досега се осомничени околу 70 лица. Осомничените со години злоставувале и злоупотребувале деца, а снимките ги споделувале со групи на Интернет.

До сега се откриени повеќе групи со по повеќе илјади членови.

Треба да знаете
Последни објави