Search

Во Германија околу 3.000 нови заразени и уште 31 смртен случај

Во Германија нагло се зголеми бројот на заразени со новиот коронавирус со регистрирани 2.660 нови заразени и 31 смртен случај.

Вкупниот број заразени е 80.641, а вкупниот број починати од вирусот е речиси 1.000.

Бројот на смртни случаи и заразени во текот на изминатите 24 часа се зголеми најмногу досега, според Институтот „Роберт Кох”.

Епидемијата на коронавирусот најтешко ги погоди најголемите федерални покраини, како Северна Рајна-Вестфалија, Баварија и Баден-Виртемберг.

Треба да знаете
Последни објави