Search

Во Вухан тестирани 6,5 милиони луѓе за девет дена

Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирус, тестираше повеќе од 6,5 милиони луѓе за само девет дена, соопштија кинеските власти.

Тамошните власти се решија на ваков драстичен потег со цел да спречат појава на втор бран на епидемијата, пренесува Си-Ен-Ен.

Амбициозниот план за масовно тестирање на Вухан започна со имплементација кога беа потврдени шест нови случаи на почетокот на мај, а стануваше збор за први случаи на локална трансмисија по долго време.

Од 15 до 23 мај, во Вухан биле тестирани околу 6,5 милиони луѓе, што е околу 80 проценти од населението во градот. Во Вухан живеат околу 11 милиони луѓе.

Треба да знаете
Последни објави