Search

Во врска со денешниот случај во Куманово МВР нема да дозволи било каков притисок

Во врска со денешниот случај во Куманово, кога е сопрено возило „рено”, управувано од Д.Д., ве известуваме дека Министерството за внатрешни веднаш го вклучи Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди за целосно расчистување на случајот.
МВР нема да дозволи било каков притисок, незаконско постапување или злоупотреба на положбата.
Кандидатот за градоначалник на Куманово Максим Димитриевски изјави денеска дека одејќи да прими терапија кај својот матичен лекар е следен од возило на МВР подолг временски период на неколку улици.
Тој подоцна бил застанат без никакво образложение, земени му се документите и нема никакво образложение зошто е стопиран.
Треба да знаете
Последни објави