Search

Во воздушен напад на пазар на Сирија убиени најмалку 20 лица

Најмалку 20 цивили загинаа, а 13 се повредени во воздушениот напад на пазар во област контролирана од бунтовниците во провинцијата Идлиб, соопштија опозициски активисти.

Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон, информира дека во нападот на пазарот во Марет ал Нуман загинале 10 цивили.

„Белите шлемови” објавија и фотографии на кои се гледаат загинатите, како и лекарите кои им помагаат на жртвите.

Во судирите меѓу сириските владини сили и бунтовниците во текот на викндот загинаа десетици лица од обете страни.

Треба да знаете
Последни објави