Search

Во воените зони секој ден умираат по 300 бебиња

Изгладнувањето, болестите и недостигот од хуманитарна помош убиваат по 300 бебиња дневно во воените зони во светот, при што бројот на деца кои страдаат поради последиците од судирите се приближува до највисоко ниво во последните 30 години, се наведува во извештајот на невладината организација Спасете ги децата (Save the Children).

Според организацијата Авганистан, Јемен, Јужен Судан, Централноафриканска Република и Сирија се помеѓу најлошите зони на судири за децата во 2017 година.

– Од Јемен до Сирија и Јужен Судан децата ги трпат ужасите на вооружените судири, изјави директорот на Спасете ги децата, Кевин Ваткинс.

Четиригодишната војна во Јемен уби десетици илјади луѓе, предизвика колапс на економијата и доведе милиони луѓе на раб од глад. Децата во Јемен се соочуваат со глад, дијареја, колера и дифретија, болести кои се шират исто како и обичен грип, предупредува невладината организација.

Во последните 20 година во Африка починаа пет милиони деца бидејќи поради вооружените судири немаат пристап до основна здраствена заштита или чиста вода.

Спасете ги децата предупредува дека во 2017 година една петтина од децата во светот односно околу 420 милиони живееле во зони на судири, што е за 30 милиони повеќе во споредна од 2016 година, а најмногу од 1990 година.

Во извештај на Обединети нации се наведува дека бројот на случаи на тешко насилство над децата – од сексуално насилство преку регрутирање во парамилитантни групи до ускратување на помош од 10.000 во 2010 година во 2017 година се зголемил на рекордни 25.000 случаи.

– Некои детски жртви се третираат како колатерална штета при бомбардирање на урбаните подрачја. Други деца се намерни мети на убиства, киднапирање и регрутирање во вооружени групи. Војната против децата мора да заврши. А тие кои вршат злосторства врз децата мора да сносат одговорност, наведе Ваткинс.

Треба да знаете
Последни објави