Search

Во водите кај Тунис спасени 340 мигранти

Во средоземноморските води кај Тунис се спасени 340 илегални мигранти, меѓу кои и 193 странци.

Туниското Министерство за внатрешни работи соопшти дека членовите на поморската регионална канцеларија организирале 18 акции против илегалната миграција и во овие акции се спасени 340 илегални мигранти, меѓу кои има и 193 странци, пренесе агенцијата Анадолија.

Во соопштението се додадва дека четири лица се приведени поради организирање недозволената миграција.

Земјите во Северна Африка, вклучувајќи ги Тунис и Либија, се меѓу најчестите патишта што мигрантите ги користат за да стигнат до Европа преку Средоземното Море.

Секоја година, неколку илјади мигранти во потрага по подобар живот, од Африка, патуваат преку Медитеранот до Европа.

Некои од нив успеваат да стигнат до целта, но повеќето го губат живото на тој опасен поморски пат.

Треба да знаете
Последни објави