Search

Во Виена регионална конференција за странските терористички борци

–  Повеќе од 300 учесници од 40 земји присуствуваа на отворањето на дводневната регионална конференција на високо ниво за предизвиците што претставуваат странските терористички борци.

Конференцијата, што се одржува денеска и утре во Виена, ја организираат заеднички канцеларијата на ОН за борба против тероризмот (ОНОКТ), ОБСЕ и Швајцарија, во соработка со Албанија, која е претседавач со ОБСЕ.

Очекуваното враќање на странски терористички борци од Ирак и Сирија е причина за зголемена меѓународна загриженост, се вели во соопштението на ОБСЕ.

Некои од тие повратници може да предзвикаат насилства, да ги поттикнат другите да се вклучат во терористички активности или да учествуваат во регрутирање и собирање средства за терористички организации.

Репатријацијата на жени и деца поврзани со тие борци претставува дополнителен предизвик и мора да се изврши во согласност со меѓународните обврски на земјите-членки.

Во своето воведно обраќање, амбасадорот Јоханес Матијаси ги поздрави учесниците на конференцијата во име на швајцарскиот министер за надворешни работи и истакна дека прашањето за странските терористи е голем предизвик.

Владимир Воронков, генерален потсекретар на Канцеларијата за борба против тероризам на ОН, изрази надеж дека конференцијата ќе биде можност да се разговараат за практични начини за проценка и ублажување на ризикот од враќање или преместување на странски терористички борци и да се осврне особено на сложената состојба во врска со деца и жени поврзани со странски терористички борци.

-Хуманитарната и безбедносната состојба на териториите контролирани од тероризмот го привлече вниманието на меѓународната заедница и повикува на акција. Репатријацијата е во прв план на дискусиите, особено – како да се справиме со репатријацијата во согласност со меѓународните стандарди и обврски, рече генералниот секретар на ОБСЕ Томас Гремингер.

Треба да знаете
Последни објави