Search

Во Венецуела запленет еден тон кокаин, уапсени црногорски државјани

На бродот „Арес” во водите на Венецуела зепленет е еден тон кокаин и уапсени се црногорски државјани, соопшти денеска Управата на полицијата на Црна Гора, а пренесува порталот ЦДМ.

Од Управата истакнуваат дека станува збор за повеќемесечна меѓународна акција која ја иницирала црногорската полиција во соработка со холандската, британската и српската полиција.

Порталот, покрај фотографијата на бродот, ја пренесува и информацијата на полициската Управа дадена на Твитер дека се запленети еден тон кокаин и дека во акцијата се уапсени црногорски државјани.

Треба да знаете
Последни објави