Search

Во Велика Британија 608 починати од Ковид-19, најмногу од мај

Во Велика Британија денеска се регистрирани 608 смртни случаи од Ковид-19, што е најголем број на починати од мај, соопштија локалните власти.

Обединетото Кралство исто така денеска регистрира 11.299 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, што е голем пад во споредба со претходните денови, кога Британците дневно имаа просечно 25.000 пациенти, а еден ден имаа над 33.000.

Сепак, денешните бројки се загрижувачки, бидејќи вчера во земјата имаше 203 смртни случаи, а денеска 608.

Најцрниот ден во Велика Британија беше на 21 април, кога починаа 1.116 лица.

Велика Британија досега евидентирала 1,538 милиони случаи на коронавирус, а починале 55.838 лица.

Треба да знаете
Последни објави