Search

Во Велика Британија починале 439 луѓе, пораст на бројот на жртви во Велс и Шкотска

Велика Британија пријавила 439 починати од коронавирус во изминатите 24 часа, а регистрирани се нови заразени  3.802.

Вкупниот број на починати во Британија сега изнесува 5.373, а бројот на заразени надмина 50.000 луѓе.

Англија пријавила 403 нови смртни случаи на коронавирус, а во Велс и Шкотска во изминатите 24 часа бројот се зголемил за 27.

Вкупниот број на жртви во Англија сега изнесува 4.897, во Велс 193, а во Шкотска 222 починати од Ковид-19, пренесува „Скај“.

Пациентите што починале во Англија имале меѓу 35 и 106 години, а 15 од нив немале хронични болести пред заразата.

Жариште на заразата и натаму е Лондон, кој брои 129 жртви од вкупно 403, а следат регионите Мидлендс со 75 починати и Норт Ист и Јоркшир со 67 жртви.

Треба да знаете
Последни објави