Search

Во Велика Британија близу 43.000 починати, најлошо е во старските домови

Бројот на смртни случаи од ковид-19 во Велика Британија достигна 43.000, што значи дека е најпогодената европска земја во пандемијата на коронавирус.

Новите бројки за Англија и Велс велат дека најмалку 42.990 луѓе починале во Велика Британија досега, наведува „Ројтерс“, вклучувајќи ги и претходно објавените податоци за Шкотска и Северна Ирска, како и смртните случаи во болниците во Англија.

Податоците од Државното биро за статистика велат дека е критично во старските домови, и се проценува дека повеќе од 10.000 луѓе починале од почетокот на мај.

„Ројтерс“ наведува дека Велика Британија е веројатно најпогодена од коронавирусот иако е тешко да се споредат бројките со другите европски земји бидејќи не се пресметуваат и бројат сите на ист начин.

Оваа состојба ја доведува во прашање и работата на премиерот Борис Џонсон, односно начинот на кој тој ја води земјата во оваа глобална здравствена криза. Опозицијата го обвинува дека британската реакција за воведување карантин била премногу бавна, а истото го тврдат и за пристап до масовно тестирање.

Треба да знаете
Последни објави