Search

Во Велес отворена самостојната изложба „Брутална вистина или Баханалии“ на Трајче Чатмов

Во ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложбата „Брутална вистина или Баханалии” трета по ред од академскиот ликовен уметник Трајче Чатмов, велешанец кој живее и работи во Домот на АРМ во Скопје.

На изложбата се претставени 40 дела, масло на платно во експресионистички стил,создадени во последните три години од неговото творештво.

Како што појасни авторот Трајче Чатмов, ликовната изложба е жива материја затоа што тој ќе продолжи да ја зголемува  со нови дела  ќе биде циклус, кој ќе го  претстави во повеќе градови во земјава,а планира да ја изложи и во странство.

-Моите дела се размисли за било што: секојдневие,политика ,љубов.Колоритот во моите слики е суштествено поврзан со прикаската која се раскажува и е помошно средств оза да се нагласат некои  елементи со што би се истакнала драматиката во приказот,нагласувајќи ги чувствата  кои треба да бидат пренесени ,а кои гледачот треба да ги доживее.Не следејќи ги традиционалните   принципи ,цртежот доаѓа редоследно по чистата боја на која само и дава облик и го допрецизира приказот,појаснува Чатмов.

Анита Василкова Мидоска  еден од двајцата промотори истакна дека Трајче Чатмов го има сензибилитетот на Петар Мазев и затоа таа како директор  на велешкиот Народен музеј, му нуди наредната негова  изложба да се престави  во фоајето на Спомен костурницата  каде се наоѓа и муралот на Петар Мазев.

За творештвото на Трајче Чатмов свој осврт направи и Александар Кукулев Сашко

– Авторот преку сликите ја искажува својата емотивна состојба  и своевидна современа социоогична аномалија така што се приклучува на концептот на општествената  фотографија со која силно се спротивставува на недоследноста на изопачувањето на вистинските вредности,потенцира Кукулев.

Треба да знаете
Последни објави