Search

Во Будимпеша уапсен егзекутор исламист кој тврди дека работел за грчката разузнавачка служба

Сириецот Хасан Ф, кој е осомничен за вмешаност во неколку егзекуции во својата татковина и е уапсен во Будимпешта, откако влегол во Европската Унија добил припејд картичка со уплатени 500 евра.

За да избегне притворање, тој тврдеше дека работи во грчката разузнавачка служба и дека е задолжен за идентификување на џихадистите кои пристигнале во Европа. Јанош Хајду, директор на противтерористичкиот центар ТЕК, рече дека Хасан кажал многу нешта само за да ја избегне правдата и дека сите информации се проверуваат со странски партнери.

Адвокатот на осомничениот изјави дека неговиот клиент добил банковна припејд картичка со уплатени 500 евра, што важи само за Грција.

Треба да знаете
Последни објави