Search

Во Бразил не се смирува пандемијата на коронавирус, 11.678 нови случаи и 807 починати

Во Бразил се потврдени 11.687 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заболени изнесува 374.898, се вели во официјалниот извештај за епидемиолошката состојба во таа земја.

Во документот се наведува дека за 24 часа починале уште 807 лица, со што вкупниот број на смртни случаи поврзани со коронавирусот изнесува 23.473.

Главниот фокус на инфекцијата е државата Сао Паоло, каде што живеат повеќе од 21 милион луѓе.

Според официјалните податоци, најмалку 83.600 луѓе биле заразени во таа бразилска држава, со 6.200 смртни случаи.

Во државата Рио де Жанеиро потврдени се 39.229 случаи на инфекција, а починале 4.105 лица, додека во државата Сеара заразени се 36.185 лица, со 2.493 смртни случаи, пренесе ТАСС.

Бразил е втора земја во светот по бројот на заболени, по САД.

Бразилското Министерство за здравство предвидува дека епидемиолошката состојба може да се стабилизира најрано до јули и дека растот на бројот на заразени лица може да забави во септември.

Треба да знаете
Последни објави