Search

Во Бразил за 24 часа нови над 48.000 заразени и 1.252 умрени од Ковид-19

Продолжува да расте бројот на лица кои се заразени со коронавирус во Бразил, а во последните 24 часа се регистрирани 48.105 нови случаи, со што вкупниот број на заразени сега изнесува 1.496.858 лица.

Во последното деноноќие од болеста умреле 1.252 лица, така што вкупниот број на жртви достигна речиси 62.000, соопшти Министерството за здравство, пренесуваат британските медиуми.

Бразил се наоѓа на второто место, по САД, според бројот на заболени и на смртни случаи од оваа страшна болест.

Треба да знаете
Последни објави