Search

Во Боливија училиштата остануваат затворени до крајот на годината

Властите на Боливија одлучија дека учениците нема да одат на училиште до крајот на 2020 година поради пандемијата на новиот корона вирус.

Околу два милиони ученици нема да посетуваат часови ниту преку интернет, јави Си-Ен-Ен.

Боливискиот министер за образование Јерко Њуњез рече дека огромно мнозинство рурални жители немаат пристап до интернет.

– Децата немаат интернет. За жал, оптичкиот кабел е спроведен само во урбани области”, изјави тој.

Според УНИЦЕФ, само 40 проценти од учениците во Боливија имаат можност да следат онлајн настава.

Треба да знаете
Последни објави