Search

Во близина на брегот на Мавританија се удавија 58 мигранти

Најмалку 58 мигранти се удавиле откако брод  што  превезувал околу 150 мигранти од Гамбија потонал крај брегот на Мавританија, соопшти денеска Агенцијата за миграција на ОН (ИОМ).

Властите на Мавританија соопштија дека 58 мигранти загинале, а преживеани рекоа дека бродот ја напуштил Гамбија минатата среда.

Преживеаните исто така рекоа дека имало жени и деца во бродот, како и дека 83 лица успеале да допливаат до брегот.

Треба да знаете
Последни објави