Search

Во БиХ 345 новозаразени и 11 починати

На жителите на Босна и Херцеговина од петокот им е овозможено поевтино тестирања на коронавирусот што е неопходно за патувања со странство, додека бројот на новозаразените на дневно ниво и натаму и високо троцифрен со 345 нови потврдени во последните 24 часа и 11 починати.

Од заводот за јавно здравство во Федерацијата БиХ потврди дека на сите кои поради патување во странство им е потребно тестирање на коронавирусот за тоа отсега ќе плаќаат 140 конерабилни марки, или 70 евра, во досно на 215 КМ досега. Во Република Српска, пак, ПЦР тестовите се намалени на 150 КМ.

Во последното деноноќие во Федерацијата БиХ се тестирани 1.484 примероци од кои 238 биле позитивни на вирусот, а осум од веќе заразените починале. Во Република Српска, пак, се тестирани 572 лица, од кои 107 биле позитивни, а потврдени се нови три смртни исходи од коронаинфекцијата.

Треба да знаете
Последни објави