Search

Во Битола уште една воспитувачка позитивна на ковид 19

Во Битола уште една воспитувачка од градинкaта „Коца Василева“ е позитивна на КОВИД-19. Но од таму велат дека овој случај не се поврзува со претходно заболената од оваа градинка. Вирусот го добила дома од незјниот сопруг. Откако тој ги имал првите симтоми вопитувачката од четвртокот не одела на работа и самоизолирала. Тестирањето во саботата потврдило дека и таа и сопругот се позитивни на коронавирусот.

Во консултација со епидемиолозите од Центарот за јавно здравје во Битола, одлучено е во домашна изолација да одат  и 13 деца од нејзината група. Засега никој друг од  вработените во градинката „Коца Василева“ не е во изолација поради заболената воспитувачка.

Ова е втора воспитувачка од оваа градинка која е позитивна на вирусот. Претходно само три дена откако градинките ги отворија вратите, вирусот беше утврден кај  негувателка која во изолација испрати три колешки и 5 деца, кои веќе  се вратија во градинката.

Треба да знаете
Последни објави