Search

Во Битола се санираат штeтите предизвикани од попладневниот пороен дожд

Во Битола за само 15-тина минути попладнево наврнале над 40 литри дожд на метар квадратен, што предизвика поплави на одредени улици и домови во градот, соопштија локалните власти.

Надлежните служби интервенирале и со градобијни ракети за растерување на тешки облаци со град.

Според информациите од терен, забележани се многу електрични празнења, кои дополнително ги отежнале напорите на службите за враќање на ситуацијата во нормала.

Од општина Битола соопштија дека веќе е интервенирано во населбите Карпош, Јени Маале, населбите Баир, Дулие и влезот кај „Лук Оил“ и улицата „Иван Милутиновиќ“.

Градските власти информираат дека стапиле во контакт со екипите на ЕВН, за постапување по нивните надлежности, а поддршка на терен ќе даде и Дирекцијата за заштита и спасување.

Треба да знаете
Последни објави