Search

Во Битола се одржа акција за пошумување на ридот „Зелен Баир“

Во Битола се одржа акција за пошумување на ридот над населбата Баир во Битола. Просторот каде се реализираше акцијата „Зелен Баир“е поранешна борова шума, која во последните 15 години, во неколку пожари беше целосно уништена. Во рамки на оваа акција се засадија најмалку 100 борови садници од страна на волонтери од повеќе граѓански организации. Преку оваа акција волонтерите ја потенцираа улогата на шумите и зелените површини кои се наоѓаат во близина на урбаните средини, и потребата од спроведување на други акции од ваков тип со цел оддржување и зголемување на зелените површини. Со оваа акција се очекува да се направи делумна реституција на веќе загубените „бели дробови“ на Битола кои беа од исклучителна важност на локалното население и пошироко.

Акцијата за пошумување на ридот „Зелен Баир“ во Битола беше организирана во рамки на „Активни граѓани за добро владеење“ активност која се спроведува Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје (Форум ЦСИД), со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на „Активни граѓани за добро владеење“ е поттикнување на граѓаните да влијаат на процесот на донесување одлуки на локално ниво, за што беа организирани обуки на кои учествуваа претставници на локалните самоуправи од сите плански региони, младински здруженија, маргинализирани групи, образовни институции и медиуми.

Во изминатите четири месеци, Форум ЦСИД спроведуваше активности во Пелагонискиот плански регион, при што се формираше неформална група на млади граѓани од општина Битола кои добија поддршка за реализирање на акција за пошумување на ридот „Зелен Баир“.

Треба да знаете
Последни објави