Search

Во Бејрут демонстранти упаднаа во Министерството за надворешни работи

Десетици демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за надворешни работи во Бејрут, извикувајќи пароли против Владата, јавуваат светските медиуми.

Претходно полицијата фрли солзавец на демонстрантите кои се обиделе да се пробијат низ оградата за да стигнат до зградата на Парламентот во Бејрут за време на протестите поради владините реакции за експлозијата во градот.

Околу 7.000 луѓе се собраа на Плоштадот во центарот на градот, од кои некои фрлале со камења.

Демонстрантите извикуваа: „Луѓето сакаат режимот да падне”.

Во експлозијата во пристаништето во Бејрут загинаа 154 лица, а беа повредени 5.000 лица и уништен дел од градот.

Владата вети дека одговорните ќе ги изведат пред лицето на правдата. 

Треба да знаете
Последни објави