Search

Во Берово се разгледуваа решенија за одржување на сточарството

Со присуство на сточари од Битола, Велес, Штип и Пијанечко-малешевскиот регион, на работен состанок во Берово се разгледуваа проблемите со кои се соочуваат македонските сточари. Претседателот на Асоцијацијата на земјоделците Евтим Шаклев, истакна дека целта на средбата на која присуствуваше и министерот за земјоделие, Љупчо Николовски, е да се најдат решенија за надминување на проблемот кој сточарите го имаат со одржливото сточарство.
-Сите барања кои ќе произлезат од денешниот состанок во целина ќе бидат упатени кон одржување на сточарството, затоа што во последно време алармантно се намалува бројката на овците и козите. Порано беше сосема обратно. Сточарството беше гранка во која ја гледавме иднината на Македонија, меѓутоа сегашната состојба го говори спротивното. Затоа е овој состанок за да можеме заедно со министерот и Владата да најдеме решение за надминување на оваа состојба, рече Шаклев.
Како што истакна министерот за земјоделство Љупчо Николовски, едно од решенијата за подобрување на оваа состојба е зголемување на бројот на грлата овци и подобрување на расната структура во стадата на овци во Македонија.
– Целите на Владата на Република Македонија и мерките кои ги презема Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во овчарското производство е преку програмата за финансиска подршка во земјоделството, овчарството финансиски да се подржи со повеќе мерки, од директни плаќања по обележени грла, до субвенции по литар овчо млеко, дополнителна подршка за женските јагниња, повраток на средства за инвестиција во машки и женски приплод и многу други мерки кои на средбата беа презентирани пред сточарите од повеќе градови од Македонија, истакна Николовски.
Овчарството во Република Македонија има долга традиција и е подржана со поволните природни услови. Стадата се одгледуваат во еколошки чисти зони од кои општина Берово може да се пофали со идеални услови за развој на овчарството.
Треба да знаете
Последни објави