Search

Во Белград со „око соколово“ завршува селективното казнување за неправилно паркираните автомобили

Од денеска низ улиците во Белград ќе крстарат теренски возила на комуналната полиција опремени со најсовремен систем „око соколово“ кој ќе врши 24-часовен надзор, фотографирање и автоматски пријавување на недисциплинираните возачи кои се паркираат каде ќе стасаат. Овој систем е единствен во Европа. Софтверот е направен во Србија, а засега се применува само во Амстердам и Лондон.

Фукционира така што теренското возило нема потреба да запира и да регистира прекршители на сообраќајбните правила, бидејќи во движење со брзина од 40 километри на час може да ги регистрира регистарските таблици на автомобилите кои се неправилно паркирани. Потоа автоматски се обработуваат податоците и на домашна адреса од сопственикот на „уловениот“ автомобил му се доставува направениот прекршок, а тој пак треба да се изјасни за идентитетот на лицето кое го управувало возилото кое е затечено како е неправилно паркирано.

Со оваа технологија надлежните од комуналната полиција најавуваат дека селективното казнување за недисциплинираните возачи ќе се сведе на нула.

 

 

Треба да знаете
Последни објави