Search

Во Белград застрелен маж пред сопругата и децата

Во Белград пред неговата сопруга и двете деца, вечерва околу 19 часот со истрели во главата е убиен 41-годишниот Марко В. Според српските медиуми непознат маж му се приближил пред Основното училиште „Борислав Пекиќ“ во населбата Бежаниска коса и го застрелал во главата.

Марко В. седел во „БМВ Х5“ кога му пришол напаѓачот и испукал неколку куршуми во неговата глава.Со него  биле двете деца кои дошол да ги земе од шокол, како и неговата сопруга.

Застрелениот Марко В. е Црногорец, роден во Котор. Со години работел како морнар на прекуокеански бродови, а еден период живеел во Белгија. Во Белград се доселил пред неколку години каде регистрирал и фирма за градежништво.

-Истрагата е во тек на местото на настанот, а полицијата интензивно го бара сторителот на ова дело. За да се изврши пребарување, сите излези од Белград се блокирани и извршена е зголемена контрола врз лицата и возилата, соопшти белградската полиција.

 

Треба да знаете
Последни објави