Search

Во Белгија уапсен уште еден осомничен за нападите во Париз во 2015 година

Властите на Белгија уапсија уште еден осомничен за терористичките напади во Париз во ноември 2015 година, објави белгискиот весник „Дерниер Ер”.

Според весникот, како што јави дописничката на МИА од Брисел, станува збор за Мохамед Е., кој е уапсен пред божиќните празници и е обвинет за „учество во активности на терористичка група”.

Белгиските власти сметаат дека обвинетиот помагал во обезбедувањето на автоматските пушки употребени во нападите во Париз, при кои загинаа 130 лица.

Мохамед Е. се поврзува со Мохамед Бакали, кој им изнајмил возила на терористите од париските напади. Бакали беше уапсен во Белгија две недели по нападите.

Многумина од инволвираните во париските напади беа со потекло од Белгија и дел од нив помогале и во организирањето на нападите во Брисел во март 2016 година.

Треба да знаете
Последни објави