Search

Во Бања Лука откажан дочекот на Нова Година

Градоначалникот на Бања Лука Игор Радојќиќ изјави денеска дека во тој град нема да се одржат планираните новогодишни концерти и прослави со цел да се избегнат евентуални нереди и повторување на вчерашните судири.

На вонредна прес-конференција, свикана по вчерапните протести на групата „Правда за Давид”, Радојчиќ изјави дека Бања Лука првпат од војната ќе остане „нема”.

– Таа тишина нека ја сфатат оние кои треба да го решат случајот „Драгичевиќ”, рече градоначалникот, посочувајќи дека е крајно време обвинителството и полицијата да го расветлат делото.

Поради вчерашните протести, претпладнево откажани се некои манифестации како детската прослава на Нова Година, со образложените дека во актуелните околности не смее да се ризикува безбедноста на децата. Градоначалникот потврди дека од безбедносни причини нема да се одржи ни вечерниот концерт, на кој требаше да настапу Жељко Јоксимовиќ.

Вчера демонстрантите го спречија одржувањето на концертот на Харис Џиновиќ.

На 26 март во Бања Лука беше создадена групата „Правда за Давид”, после прес-конференција на која високи функционери на МВР на Република Српска соопштија дека Давид на кобната ноќ прво се степал со три лица, потоа ограбил една куќа, а по несреќен случај завршил на дното на реката Црквена.

Родителите на Давид Драгичевиќ тврдат дека тој бил киднапиран, мачен, силуван и дека на крајот го убиле припадници на МВР на Република Српска.

Од 26 март на бањалучкиот Плоштад на Краина секоја вечер се одржуваат собири „Правда за Давид”.

Треба да знаете
Последни објави