Search

Во Баскија немаат сомнеж дека се соочуваат со вториот бран од епидемијата

Регионалната баскиска Влада денеска соопшти дека веќе не се сомнева оти се соочува со вториот бран од епидемијата со коронавирусот.

Откако денеска беа регистрирани 338 новозаразени, министерката за здравство, Некане Мурга денеска ги повика луѓето да останат претпазливи и ги предупреди да не го потценуваат вирусот, објави „Гардијан”.

– Нема причина да мислите дека вирусот сега е послаб или помалку смртоносен, рече таа, додавајќи дека вирусот има ист капацитет да се шири и да ги зарази луѓето како што тоа го правеше во март.

– Секојдневно инфицира повеќе луѓе и може да убие”, рече таа.

Треба да знаете
Последни објави