Search

Во банките во Швајцарија има 46,1 милијарда франци на руски граѓани или компании

Швајцарија соопшти дека во нејзините банки се депонирани 46,1 милијарда франци (46,4 милијарди евра) на руски државјани и правни лица, откако на Москва и се воведени санкции годинава.

Швајцарија, која не е членка на Европската унија, но има блиски односи со неа, ги поддржа санкциите на ЕУ кон Русија, откако Москва почна инвазија врз Украина во февруари.

Со санкциите, меѓудругото, е забрането примање депозити поголеми од 100.000 франци од руските граѓани и правни лица, компании или организации.

Постојните депозити поголеми од тој износ мора да бидат пријавени во швајцарскиот Државен секретаријат за економски работи до почетокот на јуни. Секретаријатот соопшти дека 123 граѓани и правни лица со банките во Швајцарија оствариле 7.548 „деловни односи” во вкупна вредност од 46,1 милијарда франци.

Уште 294 „деловни односи” во износ од 400 милиони франци (405,6 милиони евра) се остварени со Белорусија, близок сојузник на Русија.

Треба да знаете
Последни објави