Search

Во Африка над 84.000 заразени со коронавирус

Во африканските земји со коронавирус се заразени 84.183 луѓе, а починале 2.739, соопшти Светската здравствена организација.
Од болеста оздравеле 32.494 пациенти, пренесе ТАС С.

Најмногу случаи се регистрирани во Јужна Африка – 15.515, а во таа земја поради коронавирус починале 264 луѓе.

Најголем број смртни случаи се регистририани во Египет -612, а во оваа земја од коронавирус се инфицирани 11.719 луѓе.

Алжир пријавил 548 смртни случаи и 7.019 инфицирани, МАроко 6.798 заразени и 192 починати, а Судан има 2.289 инфицирани и 97 починати.

Во Нигерија се регистрирани 5.959 заразени, а 182 починале од коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави