Search

Во Африка за над 100 отсто е зголемен бројот на новозаразени со коронавирус

Африканскиот континент се соочува со зголемен број на инфекции со коронавирус во заднината на откривањето на неговата нова варијанта – омикрон.

Во Африка минатата недела беа потврдени 52.300 нови инфекции, што е за 105 отсто повеќе од претходната недела. Само во Јужна Африка, потврдени се 31.000 инфекции со коронавирус.

-Новиот сој е откриен во Боцвана, Гана, Нигерија и Јужна Африка, изјави денеска Џон Нкенгасонг, од Центарот за заразни болести во Африка (африкански ЦДЦ) .

Тој додаде дека африканската ЦДЦ е загрижена за ситуацијата во Јужна Африка. Снабдувањето со вакцини се подобрува, но не се применува доволно брзо.

Во Африка, само седум проценти од населението се целосно вакцинирани против коронавирусот. Континентот набави 417,5 милиони дози вакцина, од кои 235,8 милиони беа инјектирани.

Според ЦДЦ, досега во Африка се потврдени околу 8,6 милиони инфекции, а повеќе од 223.000 луѓе умреле.

Експертите предупредуваат дека бројот на непотврдени случаи на инфекцијата во Африка, континет со население од 1,3 милијарди лица, веројатно е многу поголем.

Нкенгасон стравува од нагло зголемување на инфекциите со Ковид-19 по собирите што се планирани за престојните божиќни и новогодишни празници.

Единаесет африкански земји во моментов се борат со четвртиот бран на заразата, а Маурициус веќе влегува во петтиот бран, наведува африканскиот ЦДЦ, организацијата која се обидува да ги здружи ресурсите на африканските земји и да ги координира мерките за борба против пандемијата.

Треба да знаете
Последни објави