Search

Во Аргентина недостиг на сликички за Мундијалот во Катар

Фудбалска Аргентина се соочува со недостиг на сликички за Светското првенство кое кон крајот на ноември ќе почне во Катар, јавија денеска аргентинските медиуми.

На многу продажни места се истакнати натписи „Немаме веќе сликички или албуми”, а онаму каде ќе стигне нова пратка сликичките се распродаваат во рок од неколку часови.

– Фрустрирачки е што не можам да најдам сликички. Секој ден кога доаѓам дома децата ме дочекуваат со прашањето „Тато, дали купи сликички? А нив никаде не можам да ги најдам, изјави 38-годишниот Ексеквел Клавер, татко на три деца.

Производителот на сликичките за Мундијалот 2022 „Панини” причината за алармантната состојба на аргентинскиот пазар ја гледа во тоа што оваа година и многу возрасни се вклучиле во собирањето сликички.

Едно пакетче сликички во Аргентина чини околу едно евро (150 пезоси), а за да се пополни еден албум процените се дека се потребни околу 130 евра што е висок износ во оваа јужноамериканска држава која е во длабока економска криза.

Треба да знаете
Последни објави