Search

Во Апелација итен колегиум по најавите на Рускоска за финансиска истрага

Апелацискиот суд во Скопје денеска ќе одржи итен колегум по најавите на јавната обвинителка Вилма Рускоска дека ќе покрене финансиска истрага против судиите кои вчера донесоа одлука со која ја пуштија во куќен притвор поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, обвинета во случајот „Рекет”. Информацијата ја потврдија судии од Апелација за дел од медиумите. Од Апелација најавуваат соопштение во текот на денот.

Апелацискиот суд вчера ја уважи жалбата на Јанева и и одреди мерка куќен притвор по што таа ја напушти „Шутка” и замина во станот на нејзиниот син во близина на Клубот на пратеници. Оттаму ќе го чека првото судско рочиште закажано за 3 декември.

Треба да знаете
Последни објави