Search

Во антивладините протести во Бејрут повредени околу 400 луѓе

Приближно 400 луѓе се повредени за време на вчерашните протести во Бејрут, кога либанските безбедносни сили употребија солзавец и водени топови врз демонстрантите во близина на зградата на Парламентот, соопштија болнички извори.

Демонстрантите на социјалните мрежи денеска повикаа на протест пред зградата на Парламентот, каде што вчера се случија судирите.

Околу 30 луѓе се приведени, но Обвинителството нареди нивно ослободување.

Додека во протестниот камп во центарот на Бејрут вчера изби пожар, што беше локализиран. Но, се уште не е познато што го предизвика пожарот.

Претседателот на Либан, Мишел Аун побара од армиските и полициските командатни да воспостават мир во Бејрут и да ги заштитат мирните демонстрантите, како и јавната и приватната сопственост.

Протестите во Либан против политичките елити, што се на власт од завршувањето на граѓанската војна (1975-1990) траат веќе три месеци, а демонстрантите ги обвинуваат политичарите за корупција, за лошо владеење и за најтешката економска криза.

Треба да знаете
Последни објави