Search

Во Албанија само во изминатите десетина дена – 1.714 новозаразени со Ковид-19

Во изминатите денови во Албанија бројот на новозаразени со Ковид-19 е во постојан раст, но се прават и повеќе тестови споредено со претходно.

Во изминатите дванаесет дена регистрирани се 1.714 новозаразени, што значи дека во просек дневно имало по 132 новозразени. Во исто време битката со опасниот вирус ја добиле 636, додека 52 пациенти починале.

-Освен стапката на раст на новозаразени имаме и тренд на зголемување на бројот на третирања,кој сега надминува 600. Инциденцата на заболувањето Ковид-19 изнесува 215 на 100.000 жители. На ниво на окрузи највисока индиценца има во Тирана, потоа во Драч и Скадар, додека со најниска инциденца е Елбасан, изјави Ровена Даја од Институтот за јавно здравје.

Таа додаде дека просечната возраст на потврдените случаи е 47 години.

-Најпогодена група од овој вирус е онаа од 55 до 64- годишна возраст или околу 20 отсто од вкупниот број, по што следува возрасната група од 25-34 години или околу 19 отсто од случаите, рече докторката Даја.

Во оваа земја денеска беа потврдени нови 154 заразени од направените 643 тестови, што е највисока броја на заразени од почетокот на пандемијата, во првите денови од месец март. Од тогаш до сега направени се вкупно 48.319 тестови, позитивен резултат е добиен кај 6.979, излекувани се 3.616, за жал починаа 213 а активни на болеста се 3.142 лица.

Треба да знаете
Последни објави