Search

Во Албанија за девет месеци откриени над 8.000 илегални мигранти, 20 отсто од нив побарале азил

Официјалните податоци на Дирекција на албанската гранична полиција, од јануари до септември годинава, на албанска територија биле откриени 8.100 илегални имигранти или 3.000 повеќе спордено со истиот период лани.

Од вкупниот број, околу 20 отсто или 2.300 мигранти доставиле барање за азил, но албанските надлежни органи разгледале само 1.250 од нив, при тоа згрижувајќи ги во прифатниот центар за баратели на азил во Бабру.

Мигрантите главно се од земјите на Блискиот Исток.

Последните недели полицијата секојдневно информира за случаи на апсење лица кои траспортираат илегални имигранти. Последен случај е регистриран денеска во Корча каде беа уапсени пет албански граѓани, откриени како превезуваат 25 илегални имигранти.

Од неодамна, шверцерите на мигранти покрај луксузни возила со затемнети прозорци, користат и изнајмени автомобили. За 300 до 500 евра по човек, мигрантите, кои илегално ја минуваат грчко-албанската граница, најчесто патот кон западно европските земји се обидуваат да го продолжат преку Косово.

Треба да знаете
Последни објави