Search

Во Аеродром се засадуваат 1.800 високоизраснати дрвја

Во тек е акцијата за засадување 1.800 високоизраснати дрвја на целата територија на Општина Аеродром. Просторот е разубавен околу ООУ „Лазо Ангеловски“, на улицата „Бојмија“ и кај кружниот тек кај Поликлиниката. Нови 75 зимзелени садници беа засадени и пред  ООУ „Александар Македонски“.

„Разеленувањето на просторот е долгорочна мерка за зачувување на здравата животна средина, што е наш врвен приоритет“, изјави градоначалникот Марин, кој беше придружуван од претседателката на Советот, Ивана Цветковска. Тој посочи дека во наредниот период ќе бидат опфатени и голем број други локации на територијата на општината, пред сѐ, потегот пред поликлиниката „Јане Сандански“, на улиците „Тодор Чангов“ и „Бојмија“, во населбата Мичурин, како и на други места. Упати и апел до граѓаните да поднесат барање до Општината за засадување дрвја во нивните реони.

За овој проект се издвоени 8 милиони денари од буџетот на Општината, а исто толку се предвидени и за наредната година. Остануваме посветени на грижата за животната средина и ги преземаме сите мерки во наша надлежност за решавање на прашањата поврзани со аерозагадувањето.

Треба да знаете
Последни објави