Search

Во Аеродром заболени од Ковид колку што има во Бутел, Гази Баба, Сарај и Арачиново

Аеродром и понатаму е неславен рекордер како општина со најголем број на заболени од Ковид 19.

Според министерството за здравство, во изминативе 24 часа регистрирани се рекордни 870 позитивни од кои се исто така најмнoгу до сега во Скопје-422.

Со тоа бројот на активни случаи во Скопје е 3.828, од кои во Аеродром 710 позитивни.

По Скопје најмногу заболени имаат Струмица со 458 и Тетово-451…

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 180
• Гази Баба – 492
• Аеродром – 710
• Карпош – 580
• Центар – 535
• Кисела Вода – 467
• Ѓорче Петров – 324
• Бутел – 186
• Шуто Оризари – 35
• Студеничани – 14
• Сарај – 29
• Арачиново – 8
• Илинден – 66
• Сопиште – 35
• Чучер Сандево – 20
• Петровец –24
• Зелениково -10
• Странец – 22
• Нераспределен- 91.

Треба да знаете
Последни објави