Search

Во Австрија уапсени организатори на лажни бракови за граѓани од Балканот

По долга истрага, австриската полиција разби организирана група, предводена од српски државјанин, која посредувала во склучување на измислени бракови за граѓани од Балканот, кои на тој начин добивале австриска дозвола за престој и работа.

Шефот на групата, 49-годишен српски државјанин, е осомничен дека организирал 27 измислени бракови со двајца соучесници, австриски државјани, за државјани од Србија, Босна и Косово, кои со тоа се стекнале со правото на престој и работа во Австрија како сопружници на лице од ЕУ.

Невестите биле претежно од Унгарија, а осомничените земале просечно по 10.000 евра по брак, а браковите биле склучувани главно пред матичните служби во Србија.

Осомничените не само што посредувале во лажни бракови, туку им давале и на своите клиенти потврди за вработување во фиктивни компании во Виена, што им овозможувало да добијат дозволи за престој и работа и да користат австриски социјални бенефиции.

Полицијата против осомничените поднела вкупно 59 пријави, кои се однесуваат на организирана помош при кршење на законот за престој на странци, медијација при склучување лажни бракови и фалсификување документи. Во истрагата се сослушани 48 лица, а потрага е распишана по уште девет лица.

Треба да знаете
Последни објави