Search

Во Австрија рекордни 4.453 новозаразени со коронавирус, 29 починати

Денес во Австрија беше поставен нов рекорден број на нови случаи на коронавирус, бидејќи во последните 24 часа се регистрирани 4.453 нови инфекции.

Исто така забележан е најголем број смртни случаи на дневно ниво – починале 29 лица, така што вкупниот број на смртни случаи достигна 1.056.

Од почетокот на епидемијата во Австрија, 94.904 лица биле тестирани позитивно на коронавирус.

Заради драматичното зголемување на бројот на нови пациенти, австриската влада се подготвува да преземе нови мерки и се шпекулира дека може да го следи примерот на соседна Германија и повторно да воведе локдаун, но овојпат „лесна“ варијанта, во која продавниците ќе останат отворени, но не и угостителските објекти.

Треба да знаете
Последни објави