Search

Во Австрија пронајдени пари на италијанската мафија

Австриските власти запленија 37,7 милиони евра, пари во сопственост на италијанската мафија, соопшти денеска тамошната полиција.

Парите од жиро-сметки биле вложени во приватни фондации, една фирма и хартии од вредност.

Осомничените, кои стојат зад овие пари, според сојузните криминални служби, се членови на добро познат мафијашки клан, кој на југот од Италија раководи со нелегални игри на среќа.

Нелегално заработените пари се скриени и испрани преку мрежа која се шири низ целиот свет“, изјави портпаролот на Одделот за кривични истраги, Винсент Кригс.

Во Австрија, овие пари се користеле за купување на недвижен имот преку мрежа на компании и фондации.

Инаку, австриските власти постапувале по барање за правна помош кое во средината на ноември го добиле од страна на државното обвинителство на италијанскиот регион Калабрија.

Парите се запленети непосредно пред осомничените да се обидат да го направат прво подигање во износ од пет милиони евра.

 

Треба да знаете
Последни објави