Search

Во Австрија благ пораст на новозаразени со коронавирусот

Бројот на новозаразени во Австрија во последните 24 часа бележи благ пораст и регистрирани се 38 нови случаи.

Најголем број нови заболувања има во Виена (27), по што следат Долна Австрија (5), Ворарлберг (3), Штаерска (2) и Тирол (1).

Според Министерството за здравство, во Австрија моментално има 326 активни болни, од кои 75 се хоспитализирани, а 20 се на интензивна нега.

Бројот на починати од вчера се зголеми за два на вкупно 672.

Од почетокот на епидемијата во Австрија, 16.757 лица биле тестирани позитивни на коронавирусот, од кои 15.742 се излекувале.

Во последните 24 часа биле спроведени 7.983 тестирања, а од почетокот на епидемијата во Австрија, на крајот на февруари, направени се 479.449 тестови. 

Треба да знаете
Последни објави