Search

Во авион пронајдено срце за трансплатација, па морал да се врати назад

Авион на компанијата „Саутвест“, кој летал на релација Сиетел- Далас, на половина пат морал да се врати назад откако екипажот открил човечко срце за трансплатација, пренесуваат американски медиуми.

Компанијата објавила дека донираниот орган бил пренесен од Калифорнија во Сиетел и истиот требало да заврши во болница, но тоа никогаш не било симнато од авионот. Било најдено кога авионот се наоѓал на половина пат до Далас.

Патниците биле шокирани кога пилотот ги известил дека авионот, откако прелетал 950 од планираните 2 500 километри, мора да се врати на аеродромот од каде што полетале. Летот траел вкупно 3 часа.

Доктор, кој бил меѓу патниците, рекол дека се работи за ужасен случај на огромна неодговорност. Според експертите, срцето сепак  било однесено во болница во рок во кој е потребен за да се искористи

Треба да знаете
Последни објави